На 1 јули 2025 година, во НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово, се одржа виртуозен концерт на учениците и нивните професори м-р Тони Лазаров и Милан Коцев од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип.

Државниот музички училишен центар на овој начин го претстави дел од дувачкиот оддел, како и одделот за хармоника.

Изведувачите се претставија со дела од Бах, Пјацола и Штраус, како и со композиции од Милан Завков, Теодосиевски и Нацевски.

Футер со контакти