Вечерва, со почеток во 19:00 часот, во малата сала на НУЦК, ќе се одржи концерт на дувачката и гудачката класа при Државниот музички училишен центар „Илија Николовски – Луј“.
На програмата ќе бидат изведени дела од класичната музичка литература, во изведба на талентираните млади музичари.
🎟 Влезот е слободен.
Ве покануваме да бидете дел од оваа музичка вечер и да ја поддржите младата музичка сцена.
📍 Локација: Мала сала на НУЦК
🕖 Време: 19:00 часот
Ве очекуваме!
