Со особена радост и благодарност сакаме да им се заблагодариме на нашите најмлади посетители – децата и младите кои во текот на 2025 година беа нашата најискрена и најверна публика.
Нивната насмевка, љубопитност и ентузијазам беа најголемата мотивација да создаваме квалитетни, едукативни и забавни културни настани наменети токму за нив. Секој аплауз, секој детски смеј и секоја исполнета сала ни потврдија дека културата се гради од најмала возраст.
Културен дом Куманово ќе продолжи со уште поголема посветеност да создава програми кои инспирираат, едуцираат и обединуваат.
Со нетрпение ве очекуваме и во 2026 година, со нови претстави, работилници, концерти и незаборавни културни доживувања.
Се гледаме повторно!












Leave a Reply