Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, од денеска, 24 септември, во 20:00 часот, официјално започнува 28. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Вечерва, Театар „Јордан Х. К.-Џинот“ од Велес ја отвора програмата со претставата „Госпоѓа министерка“, означувајќи го почетокот на фестивалот.

Љубителите на комедијата ќе имаат можност да проследат 11 претстави од Македонија, Србија и Бугарија, кои годинава се дел од репертоарот.

Пред официјалното отворање, ќе биде доделена наградата „Васил Иљоски“ на годинашниот лауреат, акторката Весна Петрушевска-Бејби.


Футер со контакти