
Од денешнава прес конференција по повод престојниот фестивал МТФ Денови на комедија 2025 година.
Лауреат и добитник на наградата „Васил Иљоски“ на овогодинешниов Фестивал е актерката Весна Петрушевска.
Совет на Фестивалот кој ја додели наградата: Сања Русеска, Владанка Крстевски, Крсто Богојевски, Александар Крстевски, Сефедин Шабани и Сашо Тодоровски.
Петрушевска не го криеше задоволството што токму колегите ѝ оддале признание.
„Многу се радувам. Важно е да не ги даруваме луѓето и значењето за нивните дела додека се тука, да не ги пропуштаме и луѓето и нивните дела. Кога ми се јавија, вреснав, многу ретко се случувало, се некако јас давам, а ретко мене некој да ми даде. Се радувам кога колегите ги исправаaт работите, особено кога ќе дадете лауреaт на жена, тоа е многу важно, зашто од нас се очекува да бидеме освен добри актерки, и добри мајки, добри колешки, присутни во секоја општествена норматива. И плус сум горда што по баба и дедо сум кумановка“, кажа Петрушевска.









