Во Изложбениот салон на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово, на 4 септември, четврток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата “Паралелни светови – талог“ од авторката Соња Поповска-Трајковска. На изложбата ќе бидат претставени дваесетина скулптури од најновото творештво на оваа скулпторка којашто самостојно се претставува за прв пат пред кумановската публика.


Соња Поповска-Трајковска родена 1969 во Скопје. Дипломиран скулптор со керамика во Скопје. Работи во различни материјали метал, дрво, керамика. Идејата во своето ликовно изразување ја раскажува и пренесува преку слободни форми во зависност од материјалот во кој работи. Истражувајќи за нови тенденции во изразувањето ја прифаќа современата техника и технологија. На своите скулптури се обидува да им даде друга димензија преку светло и музика, користејќи ги како одделни медиуми кои ја надополнуваат изразната идеја.

Изложбата ќе биде поставена до 18. септември. Влезот е бесплатен. Не пропуштајте ја оваа уникатна можност да ја искусите уметноста на Соња Поповска-Трајковска!

Футер со контакти