


Вечeрва, четврток од 20:00 часот, фоаје на Центар за култура. Интердисциплинарен и мултимедијален фестивал КУЛТУРЕН АМАЛГАМ.
ФотоСинтеза, ревијална изложба на алтернативни фотографски техники.
Фотоклубот Ирис е основан во 1958 година во рамките на Студентскиот културен дом во Темишвар, Романија. Оттогаш, тој претставува простор посветен на љубителите на фотографијата, каде што креативноста и традиционалните техники се среќаваат со ентузијазмот на новите генерации. Секоја година, членовите на клубот организираат практични работилници за аналогна фотографија и експериментираат со историски фотографски техники како што се цијанотипија, вандајк, гумоил или гум-бихромат.
Учесници: Алин Чиортеа, Марина Сантрач, Габриела Буза, Богдана Глига, Дајана Бекир, Клаудија Вирџинија Димоју, Сергиу Јереб, Јоана Настасе, Вали Хаваси, Кристи Горди, Родика Кошарба, Алин Пуичица, Марина Кармен Јаценциук, Сорана Бордаш, Лоредана Кирлан, Мариус Пархел, Георгијана Феиди, Андрада Дамијановскаја, Даниела Шиндерман, Дамиан Диаконеску, Овидиу Думитра, Цезар Тарну, Алекс Хуцу, Ѓорге Вулпеску, Мируна Басараба, Клаудиу Дунга, Кристијана Сидеи, Исис Монтагуд Варијон, Ела Јурча, Богдан Константин, Роланд Молдован, Попа Антонета, Дијана Кошери, Силвиу Преда, Александру Ротару, Анкуца Петреску, Бијана Криста, Андреа Ангел, Бијана Гаврила, Сергиу-Даниел Порав, Раиса Бучиу, Думитру Михаил Страка, Мируна Боари. Соработка со Фотоклубот Ирис и Меѓународниот фестивал на алтернативна фотографија „Зрно“.
Културно информативниот центар – Скопје влезе во нова приказна со нов проект во своето портфолио кој има интенција да стане традиционален. Овој пат тоа е фестивал во соработка со сродните културни центри од внатрешноста на Македонија.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на РМ.