Наша приказна
Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово е формиран во 1981 година, како дел од иницијативата за создавање на повеќе Спомен-домови на АСНОМ во Република Македонија. Со години, овој центар се разви во жив културен простор, кој со гордост го носи името на Трајко Прокопиев (1909–1978), еден од најзначајните македонски композитори, диригенти и музички педагози. Од своето основање, Центарот ги афирмира македонските уметници и културното творештво, создавајќи платформа за театар, музика, ликовна уметност, литература и балет. Во текот на повеќе од четири децении, стотици уметници и генерации на културни работници го обликуваа духовниот живот на Куманово.
Трајко Прокопиев – живот и дело
Роден во Куманово во 1909 година, Прокопиев дипломирал во Белград и студирал на Прашкиот конзерваториум. Бил прв директор на Средното музичко училиште во Скопје, началник на музичката програма на Радио Скопје и оперски диригент. Добитник е на бројни награди, меѓу кои Октомвриската награда за животно дело и АВНОЈ наградата за музика.
Неговиот творечки опус вклучува хорски композиции („Ленка“, „Кумановка“, „Роса“…), балетот „Лабин и Дојрана“, оперите „Разделба“ и „Кузман Капидан“, како и филмска музика. Сите тие дела ја носат силната врска со македонскиот фолклор и го вбројуваат Прокопиев меѓу најзначајните македонски композитори.
Историјат на Центарот
Центарот за култура започнува со работа во 1981 година како Дом на културата „Јосип Броз Тито“, во рамките на концептот за организација на културата во државата. Во почетните години, институцијата се соочи со различни предизвици, но малубројниот тим на вработени успеа да реализира значајни културни програми со учество на домашни и странски уметници. Во 1999 година, Домот на културата е преименуван во Центар за култура „Трајко Прокопиев” Куманово, а од 2004 година се обединува со Народниот театар Куманово во една национална установа. Периодот 2001–2008 година бележи модернизација на просториите и техничкото опремување, зголемена соработка со институции и здруженија, како и реализирање на голем број културни настани – театарски премиери, фестивали, концерти, изложби и промоции на книги. Центарот за култура денес претставува водечка институција во културниот живот на Куманово, која активно промовира уметност и култура на локално и меѓународно ниво, со постојан стремеж кон унапредување на просторно-техничките услови и квалитетот на програмите.
Во изминатите децении, НУЦК организирал стотици концерти, театарски претстави, фестивали и изложби. Познат е по бројните манифестации и фестивали, меѓу кои се: